Српскиот актер Андрија Милошевиќ ќе стане татко, пишуваат српските медиуми.
43-годишниот актер и неговата партнерка, актерката Александра Сандра Томиќ, се среќни за приновата што долго време ја посакуваа.
– Кога дознаа дека ќе станат родители, Андрија и Сандра скокаа од радост. Тоа беше нивна голема желба, која сега се исполни. Многумина веќе предвидоа дека ќе бидат грижливи родители, а тоа може да се види кога си играат со децата на нивните пријатели. Сандра одлучи да се повлече од театарот за да се посвети на бременоста. Среќната вест им ја кажаа само најблиските, изјавил извор за Блиц.