Скопје

На игралиштето „Сокол“ ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее, најави Стевчо Јакимовски

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави реновирање и покривање на спортското игралиште „Сокол“ во Карпош 1 за да може, како што рече, да се користи во сите годишни времиња и под сите временски услови.

Култното игралиште исто така ќе добие вештачка трева и нови трибини, најави Јакимовски.

– На култното игралиште „Сокол“ ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее. Ова игралиште овде ќе го покриеме ќе ставиме вештачка трева ќе направиме уште подобри трибини за да можат младите да играат и кога паѓа дожд и кога врне снег и сето тоа ќе биде на терет на општината – изјави Јакимовски.

На почеток