Актуелно

(ВИДЕО) Стојкоски промовира Ѓорче без кал со нови градинки, сообраќајници и зелени површини

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ преку промотивен видео спот презентираше како ќе изгледа општината со неговото доаѓање на градоначалничката функција, како менаџер кој ќе ги исполнува барањата на граѓаните. Како што наведува, откако жителите посочиле какви проблеми имаат, тој понуди решенија. Гарантира дека ќе ги исполни сите ветувања, кои нема да останат само предизборна програма.

„Гарантираме квалитетна иднина за сите во Ѓорче Петров и решенија за проблемите на граѓаните. Со проектот ‘Ѓорче без кал’ буквално сите улици ќе добијат асфалт и улично осветлување. Ќе ги зголемиме капацитетите на постоечките градинки, а ќе изградиме и две нови нови, од кои едната во срцето на Ѓорче Петров. За подобра комуникација, ќе има нови директни сообраќајници од Даме Груев кон Волково, преку Стопански двор и Ново Село“, посочи Стојкоски.

Тој додаде дека во општината ќе има и нови пешачки и вело патеки. Ветува и реализирање на спортско-рекреативен центар во Хром.

„Ќе подигнеме над 20.000 метри квадратни нови зелени површини во Мирче Ацев, Волково, Даме Груев и во секое маало на Ѓорче. Доаѓаат подобри времиња во Ѓорче Петров. Разгледајте ја програмата. Ние ги исполнуваме нашите ветувања“, додава Стојкоски.

На почеток