Актуелно

Премиер ги прекрши мерките, па си ја призна грешката и ќе си плати казна

Премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендруз, призна дека згрешил и дека ќе си ја плати казната во висина од 400 долари затоа што не носел маска во јавност. Тој признал дека ги прекршил мерките за сузбивање на коронавирусот.

Полицијата го потврдила случајот и соопштиле дека Ендруз веќе добил не една, туки две казни во висина од 200 долари, поради кршење на упатствата на здравствените работници, откако бил снимен како доаѓа кон парламентот без маска.

Тој на новинарите им објаснил дека за момент ја тргнал маската откако излегол од кола, пред да влезе од задната врата во парламентот.

„Очекувам дека полицијата ќе си ја работи својата работа и ако утврдат дека морам да платам ќе платам“, рече Ендруз.

Во австралиската држава Викторија правилата за заштита од Ковид 19 се јасни. Мора да се носи маска на отворено, а оние кои ќе бидат фатени како ги кршат правилата, ќе бидат казнети со 200 долари.

На почеток