Македонија

Димитров за Бугарија: Не можат да ни бидат пријатели ако не блокираат и го доведуваат во прашање јазикот

Во интервју за BBC вицепремиерот Никола Димитров за тврдењето на Бугарија дека постои јазичен проблем со Македонија, велид дека македонскиот јазик е мајчин јазик на Македонците.

„Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик – за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи – ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји.

На прашањето дали се уште ја чувствуваме Бугарија како пријателска земја тој вели дека тие тоа многу го отежнуваат, бидејќи не е пријателски да се доведува јазикот во прашање.

„Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија – нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели. Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско“, вели Димитров

На почеток