Актуелно

Руски шпион ја украл формулата за вакцината АстраЗенека, тврди Дејли мејл

Порталот Дејли мејл тврди дека Русија искористила свој шпион за да ја украде формулата за вакцината АстраЗенека.

Формулата ја украле за да направат своја вакцина „Спутник V“ и да бидат прва држава која произвела ефикасна вакцина против Ковид, тврди Дејли мејл.

Според нив, „крт“ од Москва успеал да ги украде тајните податоци за вакцината, а се наведува дека Спутник V е мошне слична со АстраЗенека.

На почеток