ВР Куманово и СВР Штип поднесоа кривични пријави против А.Р. (36) и Ф.А. (33), двајцата од Куманово и Ч.Д.(27) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
А.Р. и Ф.А. биле затекнати без дозвола за движење за време на забрана за движење, додека Ч.Д. не бил затекнат во домот иако бил должен да ја извршува мерката изолација и лекување во домашни услови.