Македонија

Мицкоски: Ни претстои енергетска криза

Ова се локални избори со суштинска важност за правецот по кој ќе се движи државата. Ова се избори каде со вашиот избор праќате порака до власта. Дали сакате да владеат со апсолутната власт уште или сакате промени? Одговорот се чувствува во незадоволството од народот. А, тоа не е само незадоволство од неостварените ветувања на власта, туку и од нивната ароганција, потценувањето кое што го имаат кон народот и пазарењето со нашите идентитетски обележја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кратово.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Тој укажа дека брутално го осиромашуваат народот, додека џебовите на власта се полнат. Мицкоски рече дека државата влегува во инфлаторна спирала, цените на сите производи одат нагоре, поскапено е се во продавниците, брашното, лебот, зејтинот, бензините, а, ни претстои и нова енергетска криза.

„А, знаете ли зошто дојдовме до ова. Затоа што додека во РЕК Битола ја крадеа и им беше поважно кој ќе ги добие тендерите, дали тоа да бидат струмичките фирми или Стентон, машините за ископ потонааа во вода, и нема доволен ископ на јаглен. Еве сега цената стигна да се плати, ќе увезуваат јаглен од 50 милиони евра. Тоа се ваши пари, тоа се пари на граѓаните, то е не се пари кои некој од џеб од Струмица ги донесе. Дополнителен проблем е како секој ден ќе поминуваат по 1000 камиони до Битола и 300 камиони до Кичево натоварени секој од нив по 20 тони. Сигурно ако нешто сега можам да предвидам тоа е дека и овој превоз ќе го земе некоја фирма блиска до фамилијата на власт, некоја струмичка фирма и таа дебело ќе заработи“, укажа Мицкоски.

Сакам, додаде тој, уште еден податок да кажам.

„Вчера Македонија повлече струја од системот во регионот повеќе од што може да покрие, а информациите се дека телефонот од Брисел е дебело вжештен затоа што гледаат дека владата не умее да менаџира со енергетиката. Тие 50 милиони евра од увоз на јаглен нема да ги плати Заев, ниту Љупче Путерот, туку како што кажав ќе ги платат граѓаните на Македонија. А, може само еден да заработи, а тоа е батето“, рече Мицкоски.

To Top