Македонија

„Друже не се договоривме вака“, рече Тунтев за охридскиот градоначалник Стојаноски

Во име на Владата, премиерот Зоран Заев се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Општина Охрид, Јован Стојановски.

„Тешко е да се надјат зборови за утеха на семејството“, рече Заев кој упати сочуство до семејството.

„Смртта на Стојаноски е загуба за академската заедница, пријателите, градот. Јован беше пријател и професионалец. Имаше визија за Охрид да биде туристичка престолнина. Отворен беше за секој предлог. Ненаметлив, исполнителен човек, а тоа помогна сите да му возвраќаат со длабока почит. Нека почива во мир“, рече Заев на комеморацијата. В

Во име на пратениците, проштално обраќање имаше пратеникот Томислав Тунтев.

Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира два пати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градочалник, одевме кон плоштад и ми рече “Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот”. “Се ќе си биде само нас ќе не нема”, така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку“, рече претеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток