Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар. Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна лента. Дупката е со длабочина од околу 20 метри. Очевидци велат дека поради навременото превенирање од полицијата, избегнат е несреќен случај бидејќи патот е фреквентен.
Засега, патот ќе остане целосно затворен за сообраќај, поради опасност дупката да се прошири и на другата сообраќајна лента. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. Местото го обезбедува полицијата, а на терен се чекаат екипи на ЈП „Македонијапат“.