Утре, 16 октомври, се навршуваат 14 години од загинувањето на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Поп-дивата Калиопи му беше блиска пријателка и веќе се огласи на „Инстаграм“ со емотивна порака. Таа објави видео и му ги посветити стиховите од песната „Барем да си тука“.
„Барем да си тука и да те имам крај себе. Барем уште еднаш моите раце сега да те гушнат“, напиша таа под видеото, каде што Калиопи ја пее песната, заедно со пораката:
„Наближува 16 октомври и тагата ми го стега грлото сѐ повеќе и повеќе“.