Актуелно

Kовид пропусници и во Србија

Србија воведува ковид пропусници.

Од 23 октомври, картичките за увид во угостителските објекти ќе важат секој ден од 22 часот до крајот на работното време.

Кризниот штаб денеска воведе пропусници. Ако сте ја примиле втората доза, а по 7 месеци не сте примиле трета – вашиот сертификат не е валиден; негативен PCR тест, не постар од 72 часа; По 72 часа – мора повторно; Негативен тест за антиген – валиден само 48 часа; Ако сте лежеле, во претходните 7 месеци, 210 дена – после тоа мислиме дека не е безбедно; За странци – валиденЕУ сертификат за ковид или други земји со кои Србија има договор за признавање.

Србија дневно има и по 8.000 заразени со коронавирусот.
„Иако имаме над 50 починати дневно, и многу заразени, никој не мисли дека е потребно да ги почитува мерките. Поради тоа почнуваме со заострување на мерките“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа додаде дека вакцинацијата во Србија е и понатаму лоша.

На почеток