Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Д.И.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 12.09.2018 година во Велес од страна на полициски службеници, при претрес на две локации каде престојувал пријавениот, биле пронајдени и одземени 210 грама марихуана.