Македонија

Гостиварчани нападнале продавач на железарија, го мавале со производи

Надвoрешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар поднесе кривична пријава  против Л.Н.(52) од село Дoлна Ѓоновица и Н.Ш.(27) од село Долна Бањица,  за сторено  кривично дело „насилство“.

На 24ти септември годинава во железара во Гостивар, по претходна вербална расправија помеѓу првопријавениот и вработено лице во железарата, поради недоразбирање во врска со цената за купување на предмети од железарата, пријавените физички ги нападнале вработените фрлајќи разни предмети кон истите, при што второпријавениот физички го нападнал Н.З.(54) кој во моментот се наоѓал во железарата,  додека првопријавениот го скршил изложното стакло од железарата .

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток