Македонија

Гостинот во Будимпешта опиша што прави Груевски таму

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често. Вака, ја опиша средбата со него Александар Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта. Целта на патувањето во Унгарија на Трајковски не била да се сретне со Груевски туку да најде лек за проблемите со дишењето, пишува Телма ТВ.

„Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови“, изјави Трајковски.

Трајковски зборуваше отворено со новинарите, ги избегна камерите бидејќи бил вознемирен и останал без сон цела недела по пишувањата во медиумите. За сите одговори што прави Груевски во Будимпешта рече да му напишеме порака на социјалните мрежи, бидејќи тој постојано е активен. Трајковски на прашање зашто одел за синусите во Будимпешта кога и таму е ладно, на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи и одовори дека тој е слободен човек. Дали ќе остане без мерки во случајот за „Шлаканиците ов општина Центар“, СЈО ќе одлучува откако ќе ги разгледа лекарските наоди на Трајковски. Во негова одбрана застана и адвокатот Боро Тасевски.

Извор: Телма ТВ

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток