Поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и треба на клучните позиции во државата да се постават постручни луѓе за справување со вакви ситуации, смета поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ 24.
-Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се прави лажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите. Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите. Немаме јаглен за да работат со полн капацитет. Нашиот јаглен е скап за ископување, а природно немаме големи лежишта на јаглен. Спомнувањето во тендери за увоз на јаглен од Русија се чисти глупости. Нискокалоричниот јаглен не се транспортира затоа што не е рентабилен. Тоа е неостварливо затоа што немаме ни возови до централите. Не е исплатливо, посочува Хајредини.