Скопје

Арсовска: Со кратење на непродуктивните трошоци јавните претпријатија ќе бидат самоодржливи

Независната кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска смета дека со добро и квалитетно менаџирање и со кратење на непродуктивните трошоци, ќе ги направат јавните претпријатија под надлежност на градот да бидат самоодржливи.

Таа во Централниот дневник на телевизија Сител истакна дека, тоа што до седа голем дел од јавните претпријатија не биле самоодржливи, само докажува дека тие не се менаџирани како што треба и дека тоа граѓаните го гледаат и го препознаваат. Како дел од непродуктивните трошоци, кои Арсовска како идна градоначалничка на град Скопје, планира да ги скрати кај претпријатијата се во делот на јавните набавки, каде што
договорите се склучуваат по цени повисоки од пазарните. Со добро менаџирање, додаде таа, ќе има и за покачување на плати на вработените во овие претпријатија, меѓу кои и Јавното сообраќајно претпријатие.

„Ниту едно од јавните претпријатија не смее да се дозволи да не биде одржливо. Тоа значи дека ние не смееме сите оние јавни претпријатија кои што ги прибираат давачките и даноците и сето она кое што е важно во овој момент, а тоа е да даваат додадена вредност на скопјани за услугите кои што треба да им бидат испорачани, а да бидат загубари. Тоа покажува дека до сега, тие не биле добро менаџирани и затоа се загубари.
Сите знаеме дека не може нешто да постои во континуитет доколку градот Скопје, постојано, како и во овој момент, со над 12,5 милиони евра да дотираа во неговиот буџет, за да тоа опстојува. Тоа не е добро менаџирање. Јас верувам дека сите граѓани знаат, сведоци се, гледаат колкави непродуктивни трошења имаме во градот Скопје, во јавните претпријатија во изминатата година, а при тоа платите не се зголемени воопшто. Платите на луѓето треба да им се зголемат, меѓутоа непродуктивните трошења се таму каде што прават јавни набавки со значително повисоки цени од оние кои што се пазарни“, истакна Арсовска.

Додаде дека, со добро и квалитетно менаџирање може до 80% да се намали процентот на овие трошоци кои што ги имаат и кои што се непродуктивни, а тие директно да влезат на приходната страна и да останат на приходната страна на претпријатијата и понатаму да продолжи да биде одржливо како јавно претпријатие.

Арсовска посочи и на неколкуте договори кои што кои што се уште актуелниот градоначалник, Петре Шилегов во ек на изборна кампања, кога е забрането склучување на разни договори, тој склучил договор со кафани во вредност од 30 илјади евра, како и договори за чистење на снег кој го нема, во вредност од околу еден милион.

„Има начин како тоа да се направи и тоа ќе се направиме со квалитетно менаџирање во следниот период. И верувај те ми, граѓаните се сведоци, гледаат некој еден милион дал за чистење на снег, а снег нема и истиот договор сега го склучува повторно. Некој сред кампања, кога е забрането да се склучуваат вакви договори, си склучил договор за кафана во вредност од 30 илјади евра. Тие се сите пари на скопјани, скопјани посреќни ќе бидат доколку некој ги посвети овие пари и да направи некој километар водовод или канализација. Граѓаните знаат дека некој не менаџирал како што треба со нивните средства“, посочи Арсовска.

На почеток