Македонија

Маричиќ најави зголемување на буџетот за судството и обвинителството

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“ најави дека следната година ќе има зголемување на буџетот за судството и обвинителството. Според Маричиќ ќе има зголемување на платите за судиите и обвинителите, но и нови вработувања со цел да се пополни недостатокот од кадар во овие институции за нивно поефикасно работење во интерес на граѓаните. Во однос на прашањата за намалување на судскиот буџет во споредба со 2019 години, министерот кажа дека реално такво намалување нема.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

– Во однос на констатацијата дека има намалување за околу 8% во Судски буџет во 2019 во споредба со буџетот за 2020 година, би сакале да појасниме не станува збор за намалување на оперативните средства на Судскиот буџет, туку дека оваа разлика се должи на фактот што во Судскиот буџет за 2019 беа обезбедени дополнителни 120 милиони денари за исплата на надоместоци на судии кои имаа тужено и ги повлекоа тужбите по постигнатите спогодби за исплата на дополнителните надоместоци на плата. Со ова, се придонесе за заштеда на финансиски средства кои би се јавиле како трошок по основ на дополнителни судски трошоци. Со оглед на тоа што станува збор за еднократна исплата од Буџетот за 2019 година, средствата за таа намена не се алоцирани во Судскиот буџет за 2020 година, потенцираше Маричиќ.

To Top