Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, вели кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска
„Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности.
Тоа од друга страна ја покажува немоќта и очајот во кој се наоѓа градоначалникот на Скопје Шилегов кој ја загуби поддршката од Скопјани.
Навистина ни е жал што наместо борба за проекти и подобар стандард на Скопјани, гледаме гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности.
Скопје ќе биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви од се друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме сега“, додава таа.