Македонија

Апаратите се отпечаток прават проблеми и во вториот круг

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски кажа дека има прекини во десетина избирачки места, поради проблем со апаратите за идентификација со отпечаток од прст. Тој кажа дека причините се банални, а тоа е проблемот со мемориската картица на уредите. Таму каде имало прекини, додека да стигнат картиците, се гласало на класичен начин.

„Имаме прифатени 109 приговори, 65 се одбиени. До 24 часот ние одлучуваме, а потоа ги одлучуваат општинските изборни комисии. Имаме уште 84 кои се испратени таму. 72 се прифатени, 8 одбиени. Прекини повеќе од 1 час имало на три места во Скопје и три места во Сарај, едно место во Карпош, едно во Чешиново-Облешево, едно во Зелениково каде е повеќе од еден час. Причините за подолгите прекини и неизвесност дали ќе продолжи гласањето, се немање на мемориска картичка, односно немање сигнал во апаратите за фингерпринт. Тие проблеми се во главно во Скопје. Банални се причините“, рече Даштевски.

На почеток