Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со aмбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, симболично ја именуваа улицата Јорганџиска под името Европска улица.
„На оваа улица пред неколку недели се докажа пред очите на Европа нашата вредност на добро пречекување и најдобро се искажа волјата да се биде дел од Европската Унија преку воодушевувачкиот гест на мајсторот на филиграни Селајдин Асани, кој на Могерини ѝ подари скромен но многу значаен подарок. Во чест на неговиот хуман гест, заедничка желба беше да го овековечиме овој момент со новото име на улицата и со нејзиното декорирање со чадори на кои стои назнаката ‘ЕУ за тебе’“, рече Ганиу.
Тој, исто така, вети дека ова ново име нема да остане само симболично туку ќе покрене официјална постапка за нејзино формално именување под името Европска улица.