Литл Стоун стана интернет-сензација откога се појавија снимките на кои тренира најмалку пет часа дневно за да ја постигне својата цел и да стана шаолин-кунгфу монах. Момчето затоа станува во пет часот наутро, а обуката ја минува во храмот Шаолин во една кинеска провинција.
Фотографиите на социјалните мрежи ги објавува неговиот тренер Абот Јанбо.
„На почетокот постојано плачеше, но по еден месец се навикна и се покажа како неверојатно паметен и упорен ученик“, изјави Јанбо за „Дејли мејл“.
Вистинското име на момчето е Чи, а тој сè уште плаче бидејќи семејството го гледа само еднаш во два месеца и е најмлад ученик во класот.
Шаолин монасите практикуваат кунгфу, специјална борбена вештина за која е потребно да се смири умот и да се удри во вистинско време.
