Актуелно

Мерките никој не ги почитува, тргнувајќи од политичарите, вели Даниловски

Проф. д-р Драган Даниловски во изјава за Канал 5 изјави дека е прашање на денови кога ќе се соочиме со бројка од над 1.000 заболени дневно.

Даниловски вели дека најновите пресметки на природно имунизирано население со прележување на Ковид-19 или пак со примање вакцина е некаде околу 70 проценти.

Мерките никој не ги почитува, тргнувајќи од политичарите па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзите – вели д-р Даниловски.

На почеток