Актуелно

Шилегов и ја предаде градоначалничката функција на Данела Арсовска

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на државата.

Денес во просториите на Град Скопје, се одржа примопредавањето на функцијата, каде досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов и ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска.

– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.

На почеток