Вуковарската полиција соопшти дека во саботата во 16.40 часот, 45-годишна жена со автомобил удрила во полициско возило. Во несреќата повредени се двајца полицајци.
Жената имала 2,18 g/kg алкохол во крвта и привремено и е одземена возачката дозвола.
Претходно поради возење под дејство на алкохол предизвикала сообраќајна незгода во која има повредени. Поради тоа полицијата против жената ќе поднесе обвинителен акт кој предвидува парична казна од 12.000 до 20.000 куни (од околу 1.500 до 2.500 евра. ) и изречена забрана за управување со возило најмалку шест месеци.