Актуелно

Намален бројот на новозаразени во регионот, вообичаено за понеделник

Најновата епидемиолошката состојба во земјите од регионот е вообичаена за понеделник, кога бројот на новозаболени е значително помал во однос на крајот на претходната недела.

Во Србија  тестирани се 16.799 лица за коронавирус, од кои 4.378 биле позитивни, додека 67 лица починале. На респиратор има 270 пациенти.

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 1.282 заразени. Во моментов активни се 36.611 инфекции, а седумдневниот просек на заболени е 2.862.

Во Хрватска се регистрирани 1.242 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни се зголеми на 29.265 заразени. Починале 46 лица или 9.546 од почетокот на епидемијата.

Во Босна и Херцеговина се регистрирани 367 лица позитивни на коронавирус, од 1.697 обработени тестови. Загинаа 37 лица.

Само во Федерацијата БиХ се регистрирани 291 лице позитивно на коронавирус, од 1.431 обработени тестови. Четиринаесет лица загинаа, додека 14 смртни случаи беа пријавени ретроактивно. Од почетокот на епидемијата, пријавени се 6.570 смртни случаи.

Република Српска регистрирала 67 новозаразени од 200 тестирани примероци. Пријавени се 23 смртни случаи. Од почетокот на епидемијата досега починале вкупно 6.699 лица.

Во последните 24 часа во Црна Гора од коронавирусот починале 15 пациенти, од кои најмладиот имал 25 години. Регистрирани се 418 нови случаи на 1.839 тестирани примероци за новиот корона вирус. Учеството на новопозитивни случаи во вкупниот број на тестирани е 22,73 отсто. Вкупниот број на починати од последиците од коронавирусот е 2.163. Вкупниот број на моментално активни случаи е 5.358.

Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 568 новозаразени и пет починати пациенти. Тестирани се 2.659 примероци за коронавирус. Во моментов има 8.059 активни случаи.

Во Македонија направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица.

 

На почеток