Македонија

Ќе поскапе струјата, кризата не се знае до кога ќе трае

Електроенергетскиот систем во Македонија е затечен со енергетска криза на високи цени на електрична енергија на пазарот. Професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електроника и информациски технологии смета дека треба да се активираат домашните капацитети за производство, бидејќи никој не може да каже до кога ќе трае кризата. Објаснува и дека до Македонија во последните десет години увезувала 30 отсто, сега се увезува 40-50 отсто. Ова е последица на тоа драстичниот пораст на цените на регионалниот пазар, но и неисполнување на обврските од страна на добавувачите, пишува А1он.мк

„До кога ќе трае ова состојба никој не може да каже, затоа е потребно да се активираат домашни капацитети кои се на располагање, а тоа се на јаглен и мазут. Редукции е крајна опција доколку не може да се обезбедат дополнителните производни капацитети во Битола и Неготино и ако останеме неповрзани на околните електроенергетски системи. Тогаш останати само на сопствените домашни производни капацитети ќе мора да се најде начин како ќе ги покриеме и кои од потребите“, вели професорот Чаушевски.

Професорот Чаушевски е дециден дека се очекува пораст на цената на струјата од следната година.

„Сите овие високи цени на увозна електрична енергија, или интервентна електрична енергија, како и увозниот јаглен и мазут што ќе се набави, треба да се плати. Тоа секако останува да се покрие или од самите потрошувачи директно преку сметките за електрична енергија, или пак ако Владата интевенира преку даночните обврзници“, вели Чаушевски.

Повеќе на А1он.

На почеток