Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, објави ТВ21.
Како што дознава телевизијата, во седиштето на Алтернатива попладнево се разговара за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму произлегува како можна опција уривањето на владата. Реџепи претходно изјави дека бил „прелажан“ да се потпише на иницијативата за ново парламентарно мнозинство во која се вклучени и пратениците на Левица. Тој дури рече и дека ќе ја напушти партијата и ќе го врати пратеничкиот мандат, пред да гласа за недоверба на владата заедно со Левица, која според него е антиевропска, анти-НАТО и антиалбанска партија.
Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада, напиша денеска Никола Мицевски на фејсбук.