Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус за бројот на пратеници кои ќе гласаат за недоверба на влада.
„62“, напиша Апасиев.
Претставници на големите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори, со цел да соберат што поголема поддршка на свое конто во пресрет на седницата за (не)доверба на владата закажана во четврток во 11 часот.
Како што велат високи партиски извори, ситуацијата е крајно комлицирана и непредвидлива, особено откако Скендер Реџепи-Зејд јавно најави повлекување на поддршката поради Левица, по што неговата Алтернатива деновиве постојано заседава како да се постави во целата ситуација.
Во меѓувреме не престануваат да се лиферуваат разно разни информации околу тоа кој го има мнозинството во Собранието. Час дека тоа се ВМРО-ДПМНЕ, час дека СДСМ има пратеник плус. Но, од двата табора брифираат дека водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори. Целтта им е на седнцата за (не)доверба на владата да бидат сигурни дека обезбедиле поддршка.