Жена натепана од сопругот, скопјанец натепан во автосервис, најдено исчезнато девојче


На 10.03.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.В.(51) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.03.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје, А.С.(25) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во автосервис на подрачјето на Мирковци, по претходна расправија околу поправка на возило, бил физички нападнат од А.А. и уште едно машко лице, при што биле употребени остар и метален предмет.
На 09.03.2025 во 18.10 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом, нејзиниот сопруг И.М. ѝ упатувал закани и се обидел да ја удри со тврд предмет.
На 10.03.2025 во 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле А.М.(14) од Скопје, за која на 13.02.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом. Таа била предадена на нејзиниот старател.
