Македонија

Пазете со апликациите: Прилепчанка остана без 600.000 денари, нејзиниот сопруг остана без 280.000 денари

На 10.03.2025 во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупно 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари.

Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток