Македонија

Реџепи: Не доаѓам денеска во Собранието

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи се огласи на Фејсбук и порача: Не доаѓам денеска во Собранието за да учествувам во паѓањето на Владата.

„Една од главните причини за мојата и Движење Беса на која припаѓам е интеграцијата на евроатлантскиот на РСМ.

Имајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми беа доставени од висок дипломатски претставник, дека во декември има одлична шанса да имаме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, решив да не присуствувам на собраниската седница на која ќе се донесе одлука за доведување во прашање оваа витална национална и државна точка. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.

На државата во овој важен период не ѝ треба политичка криза и нурнување во немирни води со многу непознати“.

На почеток