Кога македонските партии се обединија и Македонец се осети убаво во Собрание – СДС ја напуштија седницата, пишува Апасиев
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/12/Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52.jpg)
“На денот кога се обединија сите МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ да му застанат на патот на башибозукот на Илире и кога Македонецот, за прв пат, се осети убаво во своето Собрание – СДС решија да ја напуштат пленарната седница за интерпелација!?”, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев и додаде:
“Епа, што да очекувате од партија на богаташите која дезертираше и во 2001. Нивните раководни кадри и тогаш се криеја по викендици, додека БРАНИТЕЛИТЕ војуваа со косоварските терористи поддржани од НАТО! Ова им е одлична шанса да се преиспитаат и да видат зошто секогаш се на погрешната страна на Историјата и зошто им се случува “пасокизација” на политичката сцена”.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)