Јас вакви методи немам, ниту ми паѓа на памет, ако ова е точно дека пратеникот Реџепи некаде се држи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.
Според него, ова е влада што погрешно ги води процесите.
-Ќе почекаме до 12 часот, да видиме дали човекот е жив и здрав. Ако не, ќе бараме одговори од МВР. Ова се сепак методи од 16-тиот век. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Со никти греба за да останат каде што се. Не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство после ова, од ова што е, потенцира Мицкоски и додава дека предвремени парламентарни избори се решение за излез од кризата.
„Да видиме прво дали е здрав, прав човекот. Освен порака на социјалните медиуми, друго не знаеме. Физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат“, истакна Мицкоски.