Македонија

(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Јас сум здрав и добар, се гледаме наскоро

Реџепи , за кого имаше бројни шпекулации во текот на денот, се огласи на ФБ и порача дека е здрав и добро . „Се гледаме наскоро“ , порача Реџепи.

Ви благодарам на сите за поддршката. Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се.

Билал Касами и другите, да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.

Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои мои сопартијци, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите. До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на СМакедонија.

На почеток