Коментари

Џафери им ја заклучил салата на пратениците да не можат да влезат, обвинува Крмов

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов обвинува дека пленарната сала во Собранието е затворена и  дека пратениците биле спречени да влезат внатре.

„Претседателот Талат Џафери ја заклучил Пленарната сала за пратениците да не можат да влезат! Сабајлето исчезна пратеник, а сега физички сме спречени да влеземе во салата. Тоа се тие демократски методи на земја-членка на НАТО. Џабе ви е узурпатори! Ќе дојдат и нашите пет минути, ама ќе траат десет“, напиша Крмов на Фејсбук.

На почеток