Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска ги коментира вчерашните случувања, кога пратеникот Кастриот Реџепи воопшто не дојде на седницата, иако требаше да се гласа за доверба на Владата.
„Сега сфаќате зошто Левица се залага за ИМПЕРАТИВЕН (отповиклив), наместо за слободен (неотповиклив) мандат! За да нема купи-продај-уцени пратеници, мора да може оној кој ти го дал мандатот (народот/партијата) – и да ти го земе, ако не ја следиш програмата/линијата за која си избран. Тешко на таа Влада на која и требаат мафијаши и киднапери за да ја одржат на власт. Не оди далеку и долго“, пишува Апасиев.