Вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ Лешок информираа дека почина Марица Божиновска, медицинска сестра во амбулантата, објави порталот Тетовоинфо.
„Последен поздрав до нашата почитувана и драга колешка Марица. Горди сме што беше наша колешка и соработник, беше врвен професионалец посветен на својата професија, но пред се беше човек со големо срце исполнето со љубов, добрина и почит кон сите нас“, пренесува Тетовинфо.
