Актуелно

Хакиран системот за електронска пошта на ФБИ

Хакерите го компромитирале системот за електронска пошта на Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и испратиле десетици илјади пораки со предупредување за можен сајбер напад, објави агенцијата и безбедносните експерти.

Лажните мејлови очигледно потекнуваат од легитимна е-пошта на ФБИ, со наставка @ ic.fbi.gov, соопшти службата.

Хардверот што беше погоден во инцидентот беше „брзо исклучен штом проблемот беше откриен“, соопшти ФБИ.

Хакерите испратиле десетици илјади пораки преку електронска пошта за можен сајбер напад, објави на Твитер организацијата за следење на заканите „Spamhouse Project“.

Организацијата, со седиште во Андора и Швајцарија, прва го пријавила инцидентот на Твитер, наведувајќи дека била информирана за „застрашувачки“ мејлови кои наводно дошле од ФБИ и Министерството за внатрешни работи на САД.

Е-поштата предупредуваа на „софистициран верижен напад“ врз сајбер инфраструктурата на примателите.

За овој инцидент извести и „Блумберг“.

За инцидентот биле информирани ФБИ и Безбедносната агенција за сајбер заштита и инфраструктура, се вели во соопштението на ФБИ.

На почеток