Македонија

Тачи: Ние имавме супер резерва пратеник кој со сигурност немаше да гласа за рушење на владата

Лидерот на ДПА Мендух Тачи во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека имало резерва пратеник кој немало да гласа за рушење на владата. Тој вели дека тоа Заев и Ахмети немало да го кажат, а притоа Тачи не откри за кого станува збор.

„Заев и Ахмети ова нема да го кажат никогаш. Ние имавме супер резерва пратеник кој со сигурност немаше да гласа за рушење на владата. Не беше сигурно дали Кастриот Реџепи ќе гласа или не, затоа знаевме дека има друг пратеник кој нема да гласа против оваа влада. Да, пратеник од опозицијата“, рече Тачи.

На почеток