Се сопнал, паднал и се ранил сам себе со пиштол
Жител на крушевско вчера се сопнал, паднал и се ранил сам себе со пиштол.
Инцидентот се случил во селото Алдинци. Човекот се ранил самиот себеси во шума во близина на Крушево, а пиштолот испукал откако тој се сопнал и паднал, соопшти МВР.
Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, И.И.(34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица”, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава”, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата.
„Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка“, се наведува во полициското соопштение.
Од полицијата додаваат дека дека за настанот е известен обвинител.