Свет

Путин: Далеку сме од победа на пандемијата

– Далеку сме од победа над пандемијата на коронарниот вирус и постои ризик од нови бранови – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој на средбата со претставници на Министерството за надворешни работи рече дека ниту една земја не може да се заштити од овие бранови.

– За пандемијата мора да се каже дека во овој момент нема начин да се избегне. Тоа сериозно го наруши добро познатиот начин на живот ширум светот. Би сакал да нагласам дека далеку сме од победа на пандемијата, и покрај преземените мерки – рече рускиот претседател, пренесе ТАС.

Тој додаде дека постојат ризици од ширење на нови бранови и дека „ниту една земја нема да може да се заштити од нив“.

Москва ги повикува другите земји на поблиска соработка во борбата против корона вирусот на еднаква основа.

Путин напомена дека на самитот на Групата 20 во октомври предложил земјите да ги признаат сите национални сертификати за вакцини по забрзана процедура, бидејќи тоа ќе придонесе за враќање на нормалниот живот и ќе го поттикне туризмот.

На почеток