Белорусија обезбеди вакцини за мигрантите на границата
Од
Објавено на
Белоруското Министерство за здравство соопшти дека има наменето одредена количина на вакцина, од кинескиот производител Синофарм против корона вирусот, за имунизација на бегалците на границата меѓу Белорусија и Полска.
Белорусија ги прими тие вакцини како хуманитарна помош од Кина, пренесува ТАС С.
„Повеќето граѓани на Ирак, Сирија и други во логистичките центри Брузги и Свитанка кај Гродно имаат пасоши за вакцинација. Сепак, неколку десетици од нив побарале да се вакцинираат“, се вели во соопштението, во кое се додава дека во средата е регистриран еден случај на коронавирус. мигрантите.