Некатегоризирани

(ВИДЕО) Директорот на ГТЦ се обиде да ги спречи новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии

Директорот на Градскиот трговски центар (ГТЦ), Ѓоко Трајчевски, денеска им забранил на новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со лабораторијата за копање криптовалути во подрумските простории на објектот, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој на Фејсбук објави видео на кое се гледа како групата дуќанџии влегува во расправија со обезбедувањето на ГТЦ.

„Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ, веројатно соучесник во копањето на милионски суми биткоини на државна струја, забранил новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со риг-фармата на советникот од листата на СДСМ, Габриел Бајрам. Истовремено, директорот на ГТЦ лаже. ЕВН носи струја до главната трафостаница, а самиот ГТЦ ја носи струјата до магацинот на Габриел Бајрам и до дуќанџиите“, напиша Милошоски на Фејсбук.

To Top