Македонија

И Дудуш со желба кој да биде премиер и претседател на СДСМ

Градоначалник на Шуто Oризари, Курто Дудуш, на својот профил на Фејсбук објави фотографија со актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

„Иден претседател на СДСМ и мандатар за нова влада, Максим Димитриевски?“, стои во описот на фотографијата.

Актуелниот партиски претседател и премиер Зоран Заев минатата недела по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, најави дека во вторник ќе свика состанок на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Откако ќе се констатира неговата оставка ќе почне да тече рокот од 15 дена, во кои, според партискиот статут, треба да бидат распишани внатрепартиски избори за лидер, кога треба да се одреди и датумот за нивно одржување.

На почеток