Свет

(ВИДЕО) Ранети лица и запалени возила во Холандија на протестите против ковид пропусниците

Полицијата им одговори со предупредувачи истрели и водени топови на демонстрантит кои синоќа палеа автомобили и фрлаа камења кон полицијата на протестот против рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот во Ротердм.

Портпаролката на локалната полиција изјави дека имало предупредувачки истрели, но и целни истрели, бидејќи ситуацијата била „опасна по живот”. Според полицијата, седум лица се повредени, најверојатно од предупредувачки истрели, но точната причина ќе ја утврди истрагата.

Поради немирите, возовите до и од пристанишниот град се суспендирани до понатамошно известување, а не се предвидени автобуси за замена за оние кои сакаат да патуваат.

Демонстрациите беа против плановите на владата да воведе здравствен сертификат поради зголемениот број случаи на коронавирус во Холандија. Според мерката, само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 ќе им биде дозволено да присуствуваат на јавни настани, во кафулиња и во ресторани.

На почеток