Спорт

Невакцинираните тенисери не можат да играат на Австралија опен

Крег Тили, директорот на Австралија опен, за локалните медиуми изјави дека невакцинираните тенисери нема да смеат да играат во Мелбурн.

– За да дојдете во државата Викторија и да учествувате на Австралија опен, мора да бидете вакцинирани. Тоа одамна им е посочено на тенисерите. Сите мора да се вакцинираат, и играчите и целиот персонал – вели Тили.

Првиот Грен слем во сезоната ќе се одржува до 17 до 30 јануари 2022 година, а титулата ја брани најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Првиот човек на Австралија опен се надева дека српскиот ас ќе реши да дојде во Мелбурн.

-Би сакал Новак Ѓоковиќ да дојде овде. Тој рече дека вакцинацијата за него е приватна работа и дека нема да зборува за тоа. Повеќето машки и женски тенисерки се вакцинирани. Тука би го сакале Новак – вели директорот на Австралија опен.

На почеток