Актуелно

Османи: Со нас не е комуницирано за повторно активирање на оставката на премиерот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера за емисијата 360 степени изјави дека одлуката на премиерот Зоран Заев да даде оставка поради резултатите од локалните избори не била добра оти парламентарното мнозинство „кое беше релативно тесно, е постигнато преку прецизен баланс на сили.

„Со нас не е комуницирано за повторно активирање на оставката на премиерот, нашиот став од првиот ден е ист дека ова е непотребен луксуз во ова време за државата. Сепак, се сменија околностите по локалните избори и сите треба да се прилагодиме на новите околности, приоритети кои се појавија и ризиците пред кои беше ставена државата. Очекувам оваа Влада да продолжи, со тоа што не го делам мислењето во јавноста во однос на реконструкција, повеќе го гледам како процес за пополнување на испразнетите места по оставките на функционерите на Беса“, рече Османи.

Според Османи, мнозинството има над 61 пратеник.

„Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек“, рече Османи.

На почеток