Исчезна млад радовишанец
Од
Објавено на
Никола Милев од Радовиш, момче на возраст од 27 години, од вчера е пријавен за исчезнат. На социјалните мрежи е објавена фотографија од него.
„Исчезнат е нашиот другар Никола, во 00:00 излезен од дома од станот во Струмица, од тогаш му нема ни трага ни глас, телефонот од тогаш му е исклучен“, стои во објавата на Фејсбук.
Вчера во 20.45 часот во СВР Струмица, неговата сестра пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат, кој времено престојувал кај неа. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.