Скопје

Во СУГС „Зеф Љуш Марку“ се поставија прочистувачи за воздух во сите училници

Акцијата за поставување прочистувачи на воздухот во сите средни училишта на Град Скопје денеска продолжува во СУГС „Зеф Љуш Марку“.

– Денеска во СУГС “Зеф Љуш Марку” се поставуваат прочистувачи за воздух. Во сите училници на школото се поставуваат 33 прочистувачи, а за околу 1.700 средношколци од ова училиште се обезбедува почист воздух за време на престојот тука. Зеф Љуш Марку е едно од 23- те средни училишта на Град Скопје кои оваа зима се опремуваат со прочистувачи за воздух. Знаејќи дека учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории, сакам да потенцирам дека за вкупно 21.783 средношколци овозможуваме почист воздух и поздрава животна средина – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец.

– Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите ученици бидејќи тие се иднината на нашето општество. Грижата за здравјето на децата е нужна за градење на здрава иднина. Затоа, здравјето секогаш мора да претставува приоритет за секој од нас – рече Салиху.

Градската администрација перманентно работи на создавање услови за здраво живеење, на намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и на унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток